Центарот на Далас е неверојатен: Погоди 33 пати по ред, сега е на чекор од рекордот на Вилт Чемберлен

Центарот на Далас маверикс Даниел Гафорд ги погоди сите пет удари што ги упати кон кошот на Голден стејт вориорс во победата од 109:99 и на тој начин продолжи една неверојатна низа. Со тие погодоци Гафорд стигна до 33 погодени шута по ред во НБА и сега е на чекор од рушење на НБА-рекордот на Вилт Чемберлен. Легендарниот центар кој доминираше во НБА пред 60-тина години успеал да реализира 35 удари по ред, што е апсолутен рекорд.

На Гафорд, исто како и Чемберлен, најчесто обидите за поени му се со забивање или со положување на топката од непосредна близина. И порај тоа што не шутира од далеку, неверојатен е фактот дека Гафорд последен пат промаши во НБА на 3 март против Филаделфија, а потоа беше безгрешен во дуелите против Индијана (7 од 7), Мајами (5/5), Детроит (7/7), Чикаго (9/9) и сега против Голден стејт со пет од пет.

Сега на центарот на Далас му требаат три прецизни шута по ред за да го надмине рекордот на Чемберлен.

- Оглас -

Најнови вести