Цибона повторно го доживеа кошмарот наречен „тројката на Кецман“ (Видео)

Во еден од најдраматичните мечеви одиграни сезонава во АБА-лигата, Приморска славеше против Цибона со 79:78. Домаќините кои се борат за влез во Топ 4 беа фаворити, но Цибона играше одлично три четвртини. Во пресрет на последната четвртина, Цибона водеше со 10 разлика, но Приморска успеа да ја надополни разликата и стигна до неизвесна завршница.

Во последниот напад Цибона имаше два поени предност и слободно фрлање, кое гостите го промашија. До крајот имаше 2,1 секунди, но тоа беше доволно Марко Луковиќ да направи чудо. Тој успеа да ја прифати топката и во немоќ од околу 20 метри далечина шутна кон противничкиот кош. За чудо, топката заврши во кошот за победа на Приморска.

Оваа тројка на Луковиќ потсети на шокантната завршница од пред 10 години, кога Партизан со тројката на Душан Кецман од повеќе од половина игралиште ја замолкна публиката во Загреб и ја шокираше Цибона, а Црно-белите стигнаа до титулата во Јадранската лига. Овојпат Приморска не освои титула, но кошот беше исто толку неверојатен како тој на Кецман.

 

- Оглас -

Најнови вести