Цимикас си го исполни детскиот сон, потпиша за Ливерпул

Костас Цимикас си го исполни детскиот сон и е нов играч на англискиот шампион Ливерпул. Денеска потпиша договор со Црвените од „Енфилд роуд“, за кои, како што изјави, навива од дете.

„Брат ми е голем навивач на Ливерпул и поради неговата страст кон клубот и јас почнав да го симпатизирам клубот од ’Енфилд’. Знам колку ќе се радува што сега сум играч на неговиот омилен клуб“, изјави Цимикас.

Левиот бек на Олимпијакос долго беше на листата со желби на Јирген Клоп и трансферот конечно се оствари. Ливерпул ќе му плати на грчкиот шампион околу 15 милиони евра, а Цимикас ќе има голема конкуренција во стандардниот лев бек на шампионот, Енди Робертсон.

Костас има 24 години и Олимпијакос двапати го испраќаше на позајмица во данскиот Есбјерг и во Вилем Втори во Холандија, но потоа успеа да направи камбек и да биде стандарден играч на актуелниот грчки шампион.

- Оглас -

Најнови вести