Циркус на повидок – Конор Мекрегор е кандидат да го купи Челзи (Фото)

Ирецот Конор Мекрегор, кој е еденод најпознатите и најконтроверзни борци во Ултимејт фајт, најави дека размислува за да го купи Челзи.

Мекрегор е двоен поранешен првак во две категории, а познат е по епската битка со Хабиб Нурмагомедов, што беше најгледана во историјата на ММА и донесе ќар од 2,4 милиони евра само од преноси по системот „пеј-пер-вју“, што е најмногу во историјата на Ултимејт фајт борбите.

„Челзи е на продажба? Вреди да се размисли“, напиша Мекрегор на „Твитер“.

Денеска и официјално Роман Абрамович објави дека ќе го продаде клубот откако му беше забранет влез во Англија.

Абрамович, според информациите од Англија, ќе бара 2,4 милијарди евра од новиот купец на Челзи, а најавено е дека веќе има сериозен кандидат.

Тоа е Швајцарецот Хансјерг Вајс, чие богатство се проценува на неверојатни 5,8 милијарди долари, а информацијата ја потврди и самиот бизнисмен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести