Циркус во летната НБА: Заби на погрешниот кош и се чудеше зошто никој не се радува (Видео)

Летната НБА лига има за цел да им даде шанса на кошаркарите кои имаат мала минутажа, но и оние кои немаат договор, да ги покажат своите квалитети и да докажат дека местото им е во НБА лигата.

Дуелот помеѓу Далас и Индијана сигурно ќе се памети по потегот на мечот кој го направи Маркус Бингам, 23-годишниот центар на “маверикс“ кој делуваше изгубено и истрча контра која заврши со забивање, но во сопствениот кош.

Кошаркарот остана збунет откако сите се чудеа што направи, а никој не се радуваше за неговото одлично забивање. Тренерот на Далас полуде после потегот на Бингам.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1680024536689913860?s=20

- Оглас -

Најнови вести