Во фудбалот имал секакви ситуации, но тоа што се случило во Романија е за рубриката „верувале или не“. Во третата лига во Романија, екипата на Воинта Лимпезис службено загуби со 3:0 од екипата на ЦСМ Аѓуд, и тоа поради неверојатна причина.
Тимот кој службено загуби се обидел да „прошверцува“ еден фудбалер кој доаѓа од Јужна Америка, и тоа како да е домашен играч од У19 селекцијата. На овој „домашен“ играч му било сугерирано да се прави глув, нем и неписмен.
Поради тоа, фудбалерот не сакал да одговори на ниту едно прашање по жалбите од противничкиот клуб. Фудбалерот одбил да се идентификува по мечот кој завршил со победа на Воинта Лимпезис со 1:0.
Од екипата на ЦСМ Аѓуд уште на полувреме се посомневале дека нешто не е во ред и дека играчот од записникот не е тој што е на теренот. Токму затоа стигнала и пријава, а Дисциплинската комисија реши да даде службена победа на Аѓуд со 3:0.
Vointa Limpezis in the Romanian 3rd tier lost 3-0 to Adjud after it was proved they used a South American player saying he was a U19 Romanian, GSP writes.
When the ref asked the player what his name was, following a complaint from the team in Adjud, he refused to answer, with… pic.twitter.com/n14MxAtoz8
— Emanuel Roşu (@Emishor) September 25, 2024