Циркус во Србија, досудени пет пенали на еден меч, а се шутнаа шест (Видео)

Главниот судија на натпреварот од Првата лига на Србија (втора по ранг зад Суперлигата), помеѓу Кабел Нови Сад и Металац, дури пет пати покажа на белата точка, па мечот ќе биде еден од оние кои долго ќе се прераскажуваат.

Домашниот Кабел победи со 3-1, а сите четири гола на средбата беа постигнати од пенал. Судијата Милош Ѓорѓиќ досуди пет пенали, а всушност се шутнаа шест, бидејќи едниот на Кабел беше повторен. Металац утна еден пенал при резултат 1-1.

Кабел е кандидат за влез во елитното српско друштво, игра на стадионот на Војводина, а познат е и по тоа што не така одамна, беше казнет со одземање на 10 бода поради местење на меч со Смедерево, но таа казна уште не е спроведена. Освен петте пенали, беа покажани и 11 жолти и еден црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести