Црн февруари за Дортмунд, не може да го победи ниту „фенерџијата“

Последнопласираниот тим на бундеслигашката табела, Нирнберг, извлече 0-0 против лидерот Борусија Дортмунд, а вистински победник од овој нерешен резултат е Баерн Минхен.

Ова е трето реми по ред за лидерот, кој сега има само три бода предност во однос на вториот Баерн. Борисија е во криза, на пет меча по ред во сите натпреварувања не знае за победа. „Милионерите“ не знаат за триумф во февруари.

Борусија има серија од 13 меча по ред без пораз од Нирнберг, но гостите се понезадоволни од конечните 0-0. На првиот меѓусебен меч на овие два тима сезонава во септември во Дортмунд беше 7-0, но на гостувањата во Нирнберг „милионерите“ немаат победа седум години.

Марио Геце за првпат во кариерата ја носеше капитенската лента кај Борусија, сакаше да даде гол, имаше четири убави шанси, но никако не успеваше да го совлада расположениот голман на домашните Кристијан Матенија.

Нирнберг не славел од 29-ти септември и остана последен, но овој бод добро ќе му дојде во битката за опстанок, во која не заостанува премногу.

- Оглас -

Најнови вести