Црн понеделник за обложување – Наполи не победи, а потоа беше уште полошо, загубија и Барса и Аталанта

Овој понеделник сигурно нема да го паметат обложувачите по добро, а имаше две големи сензации и неочекувано реми на италијанското Сончево дерби меѓу Наполи и Рома.

Почна со тој меч и заврши нерешено 1:1, резултат што не им одговара на двете екипи.

Потоа продолжи уште полошо, со два порази на екипи што беа огромни фаворити, но загубија.

Првокласна сензација приреди Кадис со победа од 1:0 против Барселона на „Камп ноу“.

Лукас Перес ја матираше одбраната на Барса во 50-тата минута за голем триумф во битката за опстанок во Ла Лига.

Интересно е што Кадис сезонава не загуби ниту против Реал Мадрид на гостински терен, поточно не прими ниту еден гол од двата шпански гиганти кога гостуваше на „Сантијаго Бернабеу“ и на „Камп ноу“.

Црниот понеделник за обложувачите го дополни Аталанта со пораз на домашен терен против Верона со 1:2.

Чекерини погоди за гостите во финишот на првото полувреме, а потоа Копмејнерс си постигна автогол за 0:2.

Скалвини го постигна почесниот гол за Аталанта во 82-рата минута, недоволно да се избегне пораз што може да ја остави популарната Ла Деа без европски настап идната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести