Црн викенд за мотоспортот, во тешка несреќа на рели во Астурија животот го загубија и двајца Шпанци

Само два дена откако во Хрватска за време на тестирањата пред престојното ВРЦ рели (20-23 април), животот го загуби Крег Бирн, денеска во Шпанија животот го загубија уште двајца возачи.

На релито Вила де Тинео, кое се одржува во Астурија, животот го загубија возачот Хулио Сезар Кастриљо и неговиот совозач, Франциско Хавиер Алварез.

До трагедијата дошло откако тие загубиле контрола врз своето возило (Цитроен ДС3 Н5) и со голема брзина удриле во дрво покрај патеката.

И двајцата возачи биле искусни, повеќе од 20 години биле дел од рели трките, а се од Овиедо, родниот град на Формула 1 возачот, Фернандо Алонсо, кој преку социјалните мрежи изрази жалење поради трагедијата на неговите сограѓани и им изрази сочуство на семејствата.

- Оглас -

Најнови вести