Црна Гора ја прегази Чешка и си обезбеди пласман на Мундобаскетот

Кошаркарите на Црна Гора по втор пат во својата историја ќе играат на Светско првенство, откако во одлучувачкиот меч од шестото коло од квалификациите во групата К, со 88:70 ја совладаа Чешка.

Cрногорците фуриозно го започнаа мечот, направија серија од 21:5 за водство од 23:9, а кон крајот на првата четвртина дојдоа и до плус 20 (31:11).

Во втората четвртина веќе беа решени дилемите околу победникот, Црна Гора поведе со 50:25 и убедливата предност ја одржуваше до крајот на мечот.

Со победата во последното квалификациско коло, Црна Гора заврши како третопласирана, зад Франција и Литванија и си обезбеди пласман на СП што ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Најдобар во редовите на Црна Гора беше Кендрик Пери со 14 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести