„Црната“ против „арапската“ Африка ќе донесе полуфиналиња со голови

Одензе – Копенхаген (16.00 часот)

Стартот на данската лига носи пресметка на два клуба кои знаат како е да се освојуваат трофеи, иако Одензе одамна не е во врвот на данскиот фудбал. Гостите имаат проблем со повредени играчи, па тоа се одрази и врз резултатите во подготовките. Севкупно, Копенхаген има шест порази и една нерешена на последните седум средби. Но, во меѓусебните дуели, Копенхаген е доминантен, ги доби последните пет.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

Сенегал – Тунис (18.00 часот)

Сенегалците до ова полуфинале дојде благодарение на добрата одбрана, иако со Мане, Кеита и Нијанг, на хартија има многу силен напад. Немаат примено гол на последните три средби.  Ако треба да се потпирате на традицијата, нема да има премногу голови. На последните четири меѓусебни дуели, беше со 0-2 гола. Тунис игра дисциплинирано, и нема пораз на Африканскиот куп на нации.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.10)

 

Алжир – Нигерија (21.00 часот)

Алжир делува убедливо на африканското првенство, иако во четврт-финалето се мачеше и во продолженијата го скрши отпорот на Брегот на слоновата коска. Пред тоа, Алжирците во  90 минути ги победија сите што им се најдоа на патот, и тоа без примен гол. На средбите на Нигерија често паѓаат три или повеќе голови, а последниот дуел на Алжир и Нигерија во 2017 година заврши нерешено, откако пред тоа 24 години немаа реми.

Предлог тип: 1+I & 1+ II (2.20)

 

Ѓургарден – Малме (17.30 часот)

Дербито на шведската лига може да ја замрси трката околу првото место. Малме е лидер, но има шест бода повеќе од Ѓургарден, а Ѓургарден има и еден меч помалку. Минатата пролет, Ѓургарден дома го победуваше Малме со по 3-0 и во првенството и во купот. Малме пред три дена даде 7 гола во меч од Лига Европа.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.35)

 

Ахмат Грозни – Краснодар (20.30 часот)

Ова е дуел од првото коло во руската Премиерлига. На последните четири контролни меча на Краснодар, паѓаа два до три гола. Ахмат беше расположен во подготвителниот период, и не загуби ниту еднаш. „Биковите“ од Краснодар во минатата сезона не успеаја да го победат тимот од Грозни. Кај Ахмат ќе го нема Бразилецот Раванели, а неизвесен е Глушаков.

Предлог тип: 3+ (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести