Црната страна на дербито во Белград (Фото)
Речиси и да не постои дуел на Црвена ѕвезда и Партизан, а да нема нереди на трибините.

Партизан ја победи Црвена ѕвезда со 2:0 во 161-вото лигашко белградско дерби. Домаќините до победата стигнаа со голови во последните 10 минути, и тоа постигнати од двајца фудбалери кои влегоа како резерви во вториот дел од мечот.
Освен големата борба на теренот, стандардно дерби-мечот го одбележаа и нередите меѓу навивачите.