Црните дресови како да не ни легнаа, Шведска убедливо води

Македонската ракометна репрезентација за првпат на големите натпреварувања се појави во црни дресови, а иако не е сè црно во играта на избраниците на Данило Брестовац, по првото полувреме на стартот на Мундијалот во Египет, Шведска води со 16-11.

Македонскиот национален тим имаше еден неколкуминутен лош период, во кој прими пет гола по ред и по нерешените 9-9, се дојде до 14-9 за противникот. „Трите круни“ можеа да водат и поубедливо, но утнаа седмерец за 15-9, по што нашите малку се стабилизираа. На претходното машко ракометно СП во Египет во 1999, Шведска беше светски првак, а овојпат не се главни фаворити, но покажаа дека и ослабени имат квалитет.

Најефикасно по првите 30 минути е шведското крило Ване со 6 погодоци, додека кај Македонија капитенот Лазаров има 4 гола.

- Оглас -

Најнови вести