Црногорците го фалат Треневски дека го открил Елмас

Виктор Треневски кој во моментов работи како тренер во црногорскиот второлигаш Ком, има шанса со клубот да разигрување за пласман во првата лига, но повеќе се гордее со тоа што работи на напредокот на талентираните фудбалери. Клубот сега има далеку посветла иднина отколку лани кога остана без спонзори.

Треневски е докажан фудбалер и тренер, од Алија Крниќ направи играч кој го доби признанието за најдобар млад играч во Црна Гора, а Црногорците потсетуваат и дека Треневски е заслужен што Елиф Елмас прерасна во еден од најдобрите млади играчи во Европа, бидејќи пред две сезони му даде шанса да игра за првиот тим на Работнички, иако тогаш Елиф имаше само 17 години.

„И во Ком имаме голем потенцијал, само ни фалат малку повеќе пари за подобри услови за работа со овие млади таленти. Децата треба да работат и да се изборат тој талент да излезе на површина. Мене како тренер задачата ми е да создавам играчи кои би биле идни репрезентативци“ – порачува Треневски кој со Работнички стигна до второто коло од квалификациите во Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести