Црвен картон му ја смени судбината на Ван Дајк, да не го добиел, ќе завршеше во Сити

Еден натпревар како играч на Селтик можел многу да му го смени животниот пат на Вирџил ван Дајк, кој сега е еден од најдобрите дефанзивци на светот и го носи дресот на Ливерпул.

Екстренерот на Селтик, Рони Деила, кој сега е на клупата на Њујорк сити, тврди дека Ван Дајк пред неколку сезони ќе преминел во Манчестер сити ако одиграл подобро на еден меч во февруари 2015 година против Интер во Лигата на Европа.

„Бевме во контакт со Манчестер сити, им реков дека треба да го купат. Ми рекоа дај да видиме снимка од негова најдобра игра на еден европски меч. Не можев да им дадам бидејќи тој немаше играно. Беше доминантен во Шкотска, но беше исклучен на средба против Интер“, вели Деила.

Ван Дајк тогаш заработи картони за фаули над Икарди и Паласио, па беше исклучен. Сити се откажа од намерата да го купи, па Холанѓанецот направи трансфер во Саутхемптон, каде што остана две и пол години пред да замине за големи пари во Ливерпул.

„Мислам дека ако тој се покажеше во фантастично издание на тој меч со Интер, Сити ќе го купеше. Но, големите клубови мислат дека шкотскиот фудбал е на ниско ниво и не сакаат да ризикуваат за големи пари. Во Европа може да покажеш колку вредиш. Бев убеден дека Ван Дајк е добар, но му фалеа европски мечеви“, додава Деила.

- Оглас -

Најнови вести