Црвена ѕвезда доби најлесна група во Лигата на Европа

Српскиот првак Црвена ѕвезда имаше среќа во ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа. Црвено-белите добија противници со кои реално може да се надигруваат и да поминат во нокаут-фазата. Наполи на нашиот Елиф Елмас ќе биде фаворит во Групата Ц, а Динамо Загреб треба да ја помине Х групата.

Група А: Олимпик Лион, Глазгов ренџерс, Спарта Прага, Брондби.

Група Б: Монако, ПСВ Ајндховен, Реал Сосиедад, Штурм.

Група Ц: Наполи, Лестер, Спартак Москва, Легија Варшава.

Група Д: Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, Антверпен.

Група Е: Лацио, Локомотив Москва, Олимпик Марсеј, Галатасарај.

Група Ф: Брага, Црвена ѕвезда, Лудогорец, Митјиланд.

Група Г: Баер Леверкузен, Селтик, Бетис, Ференцварош.

Група Х: Динамо Загреб, Генк, Вест хем, Рапид Виена.

Првото коло од групната фаза ќе биде на 16 септември, а шесте кола треба да се комплетираат до 9 декември. Нокаут-фазата ќе започне на 17 февруари следната година, а на крајот ќе останат најдобрите две екипи кои ќе играат во финалето закажано за 18 мај на „Рамос Санчес Писхуан“ во Севилја.

Пред ждрепката за групната фаза, Жерар Морено од Вилјареал беше избран за најдобар фудбалер во минатата сезона од Лигата на Европа. Морено беше предводник на Жолтата подморница до освојувањето на титулата со седум гола во 12 натпревари во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести