Црвена ѕвезда донесе машина за голови: На „Рајко Митиќ“ пристигнува најдобриот стрелец во Европа

Српскиот шампион Црвена ѕвезда во своите редови го донесе најефикасниот играч во Европа во овој момент. Станува збор за Норвежанецот Охи Омоиџуанфо, кој доаѓа од редовите на Молде.

Играчот кој ќе пристигне во јануари на „Рајко Митиќ“ има дадено 20 голови на 18 натпревари, што го става на првото место на голгетерите од сите шампионати на Стариот Континент, секако, голема предност е тоа што шампионатот во Норвешка започнува во мај, кога сите останати завршуваат.

Охи во моментов има 30 бодови, додека на второто место е исто така играч од оваа држава, станува збор за Томас Лејне Олсен, кој има 24. Сепак, јасно е дека до крајот на сезоната работите нагло ќе се променат бидејќи гол во лигата на Норвешка вреди 1,5 бод, додека во Топ 5 лигите погодокот вреди два бода, иако во моментов има повеќе голови од Ерлинг Халанд, Карим Бензема, Килијан Мбапе и ред други ѕвезди.

Во секој случај, тимот на Дејан Станковиќ донесе квалитетен напаѓач кој ќе им биде од голема помош во домашниот шампионат, како и во Лигата на Европа, доколку успеат да обезбедат настап во пролетните елиминации.

- Оглас -

Најнови вести