Црвена ѕвезда го доведе најскапиот фудбалер во историјата на српското првенство

Екипата на Црвена ѕвезда во своите редови го донесе интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, Емануел Лате-Лат од екипата на Аталанта за обесштетување од 3,5 милиони евра.

Ова е најголемиот дојдовен трансфер во српското првенство, а претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Црвено-белите од Белград кога на Гент му платија 3 милиони евра за Осама Букари.

Емануел Лате-Лат е интересен фудбалер бидејќи обесштетувањето оди кај Аталанта, а тој има само три настапи за клубот од Бергамо, и тоа во сезоната 2016/2017 и сите три во Купот на Италија. Тој потекнува од школата на Аталанта, но последните шест години одеше на позајмици во различни клубови, а последен клуб каде што играше му е Сент Гален во првенството на Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести