Црвена ѕвезда подобро се снајде во пеколот, на чекор од титулата

Црвена ѕвезда поведе со 2-1 во финалето на плејофот во кошаркарското првенство на Србија, откако вечерва го совлада Партизан со 96-90, и дојде на една победа од нова титула.

Средбата се играше повеќе од два часа, во салата било премногу спарно, топло, имаше многу паузи поради бришење на топката. Негативно беше што фановите на „црвено-белите“ запалија косовско знаме, и истакнаа транспарент со навредлива содржина до фудбалската легендата на Ѕвезда, Дејан Савичевиќ.

Џејмс Берон со 25 поени беше прв стрелец во победничкиот тим, додека кај Партизан се истакна Вања Маринковиќ со 21 поен. На четвртиот меч од финалето кој е закажан за вторник, Партизан ќе биде домаќин.

- Оглас -

Најнови вести