Црвена звезда потпиша со играчот кој блесна на ЕП во Германија

Црвена ѕвезда официјализираше уште еден ваажен трансфер. На „Маракана“ во Белград пристигна репрезентативецот на Словенија Тими Макс Елшник.

Овој фудбалер блесна на Европското првенство кое неодамна заврши во Германија. Тој беше еден од клучните играчи во играта на Словенија која прв пат успеа да ја помине групната фаза, а потоа беше елиминирана дури откако загуби на пенали од Португалија.

„Многу сум среќен. Мило ми е што целата работа е завршена. Зад мене е долго лето. По Европското првенство сега го комплетирав и трансферот и можам да се приклучам на екипата“, рече Елшник на промоцијата во новиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести