Кошаркарите на Црвена ѕвезда се во налет во Евролигата со две победи по ред, а посакуваат и трета во низа, на вечерашниот дуел против Асвел во Франција. Дополнителен мотив за тимот ќе биде и приклучувањето на Милош Теодосиќ, кој и покрај повредата, доби дозвола да игра на овој натпревар. Црвено-белите од Белград според квотите, се умерени фаворити на вечерашната пресметка.
Многу поголеми шанси за успех му се даваат на Олимпијакос, кој му гостува на Макаби Тел Авив во Белград, во салата „Александар Николиќ“, поради добро познатата воена состојба во Израел.
Баерн Минхен ја пречекува Алба Берлин во германската пресметка и е суперфаворит, а и на Реал Мадрид му се даваат големи шанси за триумф дома, против Анадолу Ефес.
Во понудата на Sport Life можете да се одлучите и да одиграте на индивудалниот ефект на голем број кошаркари, и тоа на поени, скокови и на асистенции.