Црвените ѓаволи налето ќе останат без пола тим, капитенот ја предводи листата на отпишани

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, одлучи на крајот од сезоната на трансфер-листата да стави шестмина фудбалери на кои во иднина нема да смета, а тоа се: капитенот Хари Мегваер, Антони Марсијал, Џејдон Санчо, Дин Хендерсон, Брендон Вилијамс и Алекс Телес.

Манчестер јунајтед во неделата загуби од Њукасл со 2:0 и падна на петтото место на табелата во Премиер лигата, со што го загрози пласманот во Лигата на шампионите и го натера Тен Хаг налето да направи драстични промени во составот.

Мегваер во Манчестер јунајтед пристигна од Лестер пред четири години за тогаш рекордни 87 милиони евра, а сезонава повеќе седи на клупата за резервни играчи отколку што игра и Тен Хаг смета дека иако дефанзивецот е капитен и англиски репрезентативец, нема иднина на „Олд Трафорд“.

Антони Марсијал оваа сезона во Премиер лигата одигра само 490 минути, додека Санчо го загуби местото во стартниот состав иако пред две години беше платен дури 85 милиони евра.

На листата за отстрел се и голманот Хендерсон, како и дефанзивците Вилијамс и Телес. Манчестер јунајтед за овие шестмина фудбалери плати околу 250 милиони евра обесштетување.

- Оглас -

Најнови вести