Црвените ѓаволи не се откажуваат од титулата, лесно победија во битката на европските прваци (Видео)

Манчестер јунајтед лесно го доби дуелот во Премиер лигата меѓу двата поранешни европски прваци и славеше со 3:0 на „Олд Трафорд“ против Нотингам форест.

Црвените ѓаволи тргнаа офанзивно од стартот на мечот што се играше во тешки услови и со пороен дожд во Манчестер.

Маркус Рашфорд со гол во 19-тата минута и со асистенција до Марсијал во 22-рата минута беше главниот актер во првиот дел, а фаворитот водеше со сигурни 2:0 по 45 минути плус судиско продолжение. 

Во финишот на мечот и Фред погоди по одличната асиетенција на Каземиро, а Црвените ѓаволи ги освоија бодовите.

Сега се на петтото место со 29 бода, 11 помалку од лидерот Арсенал.

Нотингам форест е претпоследен со 13 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести