Црвените ѓаволи се мајстори за пресврти

Манчестер јунајтед по вчерашната победа над Брајтон со 2-1, се зацврсти на втората позиција во Премиер лигата и на седум кола до крајот, пласманот во ЛШ е речиси загарантиран.

Тимот на Оле Гунар Солскјер мораше да се мачи за да ги освои трите бода, односно да надополни резултатски заостаток во второто полувреме со помош на Рашфорд и Гринвуд, а токму пресвртите се одлика на Црвените ѓаволи.

Имено, откако Премиер лигата се одржува според моменталниот формат, Јунајтед има освоено дури 95 бода во натпревари во кои се надополнувала негатива од првото полувреме. Оваа сезона Ѓаволите на тој начин освоија дури 25 бода, што е најдобар учинок во топ 5 лигите во Европа.

Колку за споредба, Лестер сезонава освои 16 бода во Премиер лигата со пресврт, што само потврдува дека 20-кратниот англиски првак најдобро знае како да се извади од лоша ситуација.

- Оглас -

Најнови вести