Црвените ѓаволи со поразот од Баерн Минхен поставија неславен рекорд

Манчестер јунајтед заедно со Баерн Минхен беа најголемите фаворити да завршат на првите две позициии во групата „А“ од Лигата на шампионите. Сепак, разврската е Баерн Минхен и Копенхаген во осминафинале, Галатасарај во Лигата на Европа, а Манчестер јунајтед ги завршува настапите во фудбалска Европа.

Црвените ѓаволи групната фаза ја завршуваат само со една победа, и тоа над Копехаген со 1-0, едно реми против Галатасарај, 3-3, и дури четири порази.

Голот што го постигна Коман вечерва, со кој донесе победа за Баерн Минхен на “Олд Трафорд“, беше 15-ти примен за Манчестер јунајтед во групната фаза на Лигата на шампионите, со што станаа екипата со најмногу примени голови од сите премиерлигаши коишто играле во групите.

- Оглас -

Најнови вести