Црвените ѓаволи срамежливо најавија продажба на својата најголема утка

Манчестер јунајтед срамежливо објави дека ќе ги разгледа сите понуди за Хари Мегваер идното лето, ако ги има, што е најава за продажба на најголемата утка веројатно и во историјата на најтрофејниот англиски првак.

Црвените ѓаволи со 20 шампионски круни се најтрофејни во Англија, но со Мегваер ја утнаа работата, откако платија 80 милиони фунти во август 2019 година на сметката на Лестер.

Мегваер имаше дузина лоши натпревари, дури со него и се потсмеваа и навивачите на Манчестер јунајтед и на останатите клубови, а киксовите и чудните потези му беа неверојатни.

Од Манчестер објавија дека се свесни дека ќе претрпат загуба со Мегваер, играч што има договор со Црвените ѓаволи до 2025 година, со можност за продолжување на уште една година.

 

- Оглас -

Најнови вести