Црвено-белите му набија комплекс на Партизан, за четири дена двапати го победија (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда е вториот финалист во Купот на Србија откако во полуфиналето со 2:0 го совлада вечниот ривал Партизан. Црвено-белите во финалето ќе играат против Војводина која неколку часа претходно беше подобра од Раднички.

Ова е втора победа за Црвено-белите над Црно-белите за само четири дена, во саботата со 3:2 славеа во првенството и направија голем исчекор кон одбрана на титулата.

Вечерва, фудбалерите на Црвена звезда дилемите ги решија за само три минути. Херој на Црвено-белите беше Петер Олајинка кој би постигна двата гола, првиот во 27-та, а вториот во 29-тата минута.

Претходно, во првото полуфинале, Војводина со 1:0 го совлада тимот на Раднички.

- Оглас -

Најнови вести