ЦСКА го откупи фудбалерот кој им донесе победа против Реал Мадрид

ЦСКА Москва го откупи договорот на Никола Влашиќ, позајмениот офанзивен играч за врска од Евертон за сума од 15 милиони евра. Хрватот потпиша петгодишен договор со Армејците, кој имаше одлична сезона зад себе во руската лига и во Лигата на шампионите.

Влашиќ во потрага по редовна минутажа се пресели во Русија, а позајмицата се покажа како полн погодок. Беше избран во идеалниот тим на сезоната во руската лига, а воедно ја донесе историската победа против Реал Мадрид во групната фаза, кога го постигна победоносниот гол за 1-0 во втората минута од мечот кој се одигра на „Лужники“.

Влашиќ изминатата сезона одигра вкупно 31 натпревар и постигна осум гола и седум асистенции во дресот на ЦСКА.

Инаку, од вкупно 15 милиони евра, колку што вреди трансферот на Влашиќ, 1,4 милиони евра одат на сметка на Хајдук, од каде што првично пристигна во редовите на Евертон.

- Оглас -

Најнови вести