ЦСКА изброи до „стотка“ и го победи шампионот на Евролигата (ВИДЕО)

ЦСКА Мосва ја оствари првата победа во овосезонската Евролига, откако го совлада Анадолу Ефес со 100:96 во рамките на второто коло.

Во еден супер интересен и ефикасен меч, московскиот тим се израдува на премиерниот триумф над актуелниот владател на Европа, а предводник во тоа беше Торнике Шенгелија со уфрлени 23 поени.

Победата дојде благодарение на одличните прва (25:21) и трета четвртина (28:22), додека домашниот тим на крајот успеа само да ја намали негативата и таа да биде минус четири.

Ефес го имаше расположниот МВП на Евролигата, Василије Мициќ кој стигна до бројката од 32 поени, но, сето тоа не беше доволно за да ги победат Московјани.

РЕЗУЛТАТИ ЕВРОЛИГА 2 КОЛО

Ефес – ЦСКА Москва 96:100

Олимпијакос – Реал Мадрид 74:68

Уникс Казан – Монако 80:88

Алба Берлин – Лион 67:71

Басконија – Милано 84:78

 

 

- Оглас -

Најнови вести