Тухел: Ако Нејмар си замине, ќе доведеме замена

Како да не е доволно тоа што Нејмар врши притисок да го напушти ПСЖ, вчера избраниците на Томас Тухел потклекнаа на гостувањето кај Рен и загубија со 2-1. Германскиот стратег истакна дека му недостасувал Бразилецот кој знае да реши натпревари, а се надоврза околу неговата неизвесна иднина.

„Дуелот беше тежок, како што очекувавме. Нам ни недостасуваа неколку клучни играчи кои со тренинзи почнаа само пред две недели. Вакви ситуации се нормални на стартот од сезоната, но ќе беше многу поразлично со Нејмар на теренот. Тој уште е член на ПСЖ и сè додека е тука, јас ќе сметам на него. Досега неколку пати повторив дека преодниот рок уште трае и многу работи може да се случат во краток период. Едно е сигурно, ако Нејмар си замине, ние ќе доведеме замена“, истакна Тухел.

Како што е познато, Светците се интересираат за Пауло Дибала од Јувентус, кој е на излезна врата и мали се шансите да остане во Торино.

- Оглас -

Најнови вести