Тухел има 11 проблеми во пресрет на обврските во Лига 1 и ЛШ

ПСЖ утре гостува кај Ним во рамките од седмото коло во Лига 1, а тренерот Томас Тухел има 11 проблеми поради кои не може да скрпи тим.

Голем дел од првотимците, како Нејмар, Мбапе, Ди Марија, Маркињос, Икарди, не се во комбинација за утрешниот натпревар, а големи се шансите да не бидат подготвени и за првото коло од Лигата на шампионите, во кое ПСЖ го пречекува Манчестер јунајтед.

Нејмар и Мбапе денес се вратија во Париз по репрезентативните обврски, за што ќе им треба време да ги обноват силите. Ди Марија отслужува суспензија, додека Маркињос, Дракслер и Дагба се неизвесни, последниот од споменатите имаше позитивен тест на ковид-19, па моментално е во карантин.

Новото засилување Данило Переира мора да помине неколку дена одвоен од групата бидејќи беше во контакт со Кристијано Роналдо во португалската репрезенатација, кој пак е позитивен на корона-вирусот. Верати се врати со мала повреда по обврските со Италија, додека од повреди закрепнуваат напаѓачот Икарди, Бернат и Керер.

„За утре можеби ќе имам 11 или 12 играчи достапни да настапат“, истакна Тухел, што за Ним може да биде голема шанса да изненади против европскиот вицешампион.

- Оглас -

Најнови вести