Тухел: Ќе играме додека имаме гориво во автобусот

Екипата на Челзи се соочува со еден од најтешките периоди во својата историја, откако британската влада одлучи да ги имплементира санкциите кон Роман Абрамович.

Тимот од Лондон сега се соочува со голем број на проблеми, а доколку владата не попушти, тогаш можно е и клубот да се распадне во период од само неколку недели.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел даде интересна изјава за новинарите.

„Ќе играме се додека имаме гориво во автобусот и додека имаме дресови. Во невреме најважно е да останете заедно.

Јас верувам дека ќе се најде решение и дека сето ова за брзо ќе стане минато, а нам ни останува да се надеваме, да останеме заедно и да бидеме посилни“ изјави Тухел.

- Оглас -

Најнови вести