Тухел најде чуден виновник зошто Жоржињо му подари гол на Манчестер јунајтед (Видео)

Томас Тухел ги обвини рефлекторите на „Стемфорд Бриџ“ за кардиналната грешка на Жоржињо во 50. минута, кога италијанскиот репрезентативец му подари гол на Манчестер јунајтед во дербито од 13. коло во Премиерлигата.

Жоржињо се обиде да ја смири топката, но не успеа, па Џејдон Санчо излезе сам пред голманот Менди и од првиот директен удар на гостите кон голот на Челзи му донесе предност на Манчестер јунајтед.

За среќа на Жоржињо во 67. минута имаше пенал за Челзи, што тој самиот го реализира и дербито заврши без победник,1:1.

„Жоржињо лошо ја процени ситуацијата и мислам дека за киксот виновно е осветлувањето на стадионот. Рефлекторите директно му посметаа и тоа влијаеше да приммиме гол. Се случува, а сите сме среќни што ситуацијата и примениот гол не го разнишаа Жоржињо, па успеа од пенал да израмни“, изјави тренерот на Челзи.

Домаќините притиснаа во последната третина од мечот, а најубавата шанса за победа ја промаши дефанзивецот Рудигер во 97. минута

 

- Оглас -

Најнови вести