Тухел не калкулира, со Мбапе, Нејмар и Кавани во атак на победа против Црвена ѕвезда

Германскиот стратег во Пари Сен Жермен, Томас Тухел, не калкулира и со ултраофанзивен состав и сите ѕвезди во тимот ќе нападне против Црвена ѕвезда, во обидот да се забележи првата победа во групната фаза во ЛШ.

Килијан Мбапе, Нејмар и Едисон Кавани ќе ја сочинуваат тројката во нападот, потпомогнати и од останатите големи ѕвезди од калибарот на Ди Марија, Верати, Рабио….

ПСЖ е огромен фаворит за победа, а гостите имаат допонителни проблеми со отсуството на Боачи, кој им е главен адут во нападот.

Состави:

ПСЖ: Ареола – Бернат, Силва, Кимпембе, Муние – Рабио, Верати – Ди Марија, Нејмар, Мбапе – Кавани.

Црвена ѕвезда: Борјан – Стојковиќ, Савиќ, Дегенек, Родиќ – Марин, Јовичиќ, Крстичиќ, Симиќ – Чаушиќ – Бен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести