Тухел: Не ми се допаѓа тоа што го кажа Лукаку бидејќи мене ми излгедаше дека е среќен

Изјавата на Ромелу Лукаку дека е незадоволен од тренерот Томас Тухел и од неговиот систем крена многу прашина во светската фудбалска јавност.

Белгиецот воедно истакна дека посакува да се врати во Интер и да освојува титули. Нормално, сето тоа не му се допадна на тренерот на Челзи, којшто го кажа своето мислење за новонастанатиот проблем.

„Секако дека ќе разговарам со Лукаку бидејќи мене ми изгледаше дека е среќен на тренинзите.

Дискусијата мора да биде отворена и зад затворени врати и проблемот мора да биде решен бидејќи тоа ме засега и мене, но и целиот тим“, изјави Тухел.

Челзи својот прв настап во новата година ќе го има на втори јануари, каде што од 17:30 часот ќе го пречека Ливерпул на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести