Тухел: Очекувам Лукаку да даде меѓу 50 и 60 гола до зимоска

Челзи в недела ќе гостува кај Арсенал во лондонското дерби, од второто коло на Премиер лигата. На овој наптревар се очекува во синиот дрес да заигра Ромелу Лукаку. Белгискиот репрезентативец се врати во Челзи откако челниците на лондонскиот клуб му платија 115 милиони евра на Интер.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, очекува Лукаку да биде големо засилување во нападот, а кога беше запрашан колку голови чека да постигне новиот офанзивец, имаше шеговит одговор.

„Колку голови очекувам од Лукаку? Па меѓу 50 и 60 до зимскиот преоден рок“, рече Тухел кој веднаш потоа се насмевна.

Поради позитивен резултат на корона-вирусот, кај Челзи ќе го нема Кристијан Пулишиќ, а Тухел вели дека секое дерби против Арсенал носи посебен мотив кај фудбалерите.

„Не знам во кој состав ќе биде Арсенал. Тие во првото коло загубија од Братфорд, но беа без неколку играчи кои беа заразени од корона-вирусот. Сега не знам кои се подготвени, а кои сè уште заразени“, додаде Тухел.

 

- Оглас -

Најнови вести