Тухел пазари дефанзивец од својот поранешен клуб

Францускиот првак ПСЖ е блиску до реализирање на трансферот на Абду Дијало, дефанзивецот на Борусија Дортмунд. Како што известуваат одредени француски медиуми, Дијало е „планот Б“ на Светците по неуспешниот обид да го ангажираат „бисерот“ на Ајакс, Матајс де Лихт, кој се наоѓа пред преселба во Јувентус.

ПСЖ за поранешниот капитен на младата селекција на Триколорите ќе издвои околу 32 милиони евра, откако спортскиот директор Леонардо наводно успеал да ја спушти цената од 40 милиони евра која Милионерите ја барале за својот дефанзивец. Иако Дијало минатата година пристигна на „Сигнал Идуна парк“, по враќањето на Матс Хумелс се создаде гужва во последната линија и Дортмунд одлучи да се ослободи од играчот за кого лани му платија 28 милиони евра на Мајнц.

Во изминатата сезона Дијало настапи вкупно на 38 натпревари за Милионерите, на кои на повеќето беше стартер, а постигна еден гол. Тој ќе биде третото летно засилување за ПСЖ по ангажманите на Пабло Сарабија и Андер Ерера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести