Тухел: Треба да го заборавиме резултатот од Манчестер

Пари Сен Жермен има одлична предност од 2-0 против Манчестер јунајтед и вечерва на свој терен треба да го потврди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Тренерот на „светците“, Томас Тухел, вели дека има дилема дали во стартниот тим ќе биде Единсон Кавани или Уругваецот нема да биде подготвен за настап од првата минута.

„Непосредно пред мечот ќе решам дали Кавани ќе игра или сепак ќе започне од клупата за резерви“, откри Тухел, кој ги предупредува своите фудбалери дека не треба да се опуштат. Германскиот стратег не сака на ПСЖ да му се случи тоа што синоќа му се случи на Реал Мадрид против Ајакс.

„Треба да го заборавиме резултатот од првиот меч. Ќе останеме верни на нашиот стил на игра. Не може да кажете дека ПСЖ е фаворит за освојување на титулата во ЛШ бидејќи немаме голема традиција во ова натпреварување. Ќе направам една споредба со тенисот. Тоа е како да го освоите Ролан Гарос, а претходно никогаш не сте стигнале ниту до полуфиналето“, додава Тухел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести