Турски боксер си ја убил девојката за Рамазан, планирала да му раскине

Турскиот боксер Селим Ахмет Кемалоглу го шокираше спортскиот свет по информацијата дека по неделниот појадок за Рамазан Бајран, ја убил својата девојка, која ја прободел со нож во градите и вратот. По бруталниот напад врз девојката Зејнеп, боксерот се обидел и самиот да си го одземе животот, но не успеал, раните кои тој ги имал не биле опасни по живот.

Кемалоглу на овој ужасен чин се решил поради љубомора. Начекал пораки на девојка му која на еден пријател му најавувала дека веќе не е со Ахмет и дека сака да ја прекине врската, а тоа му го кажала на боксерот и во лице во неделата. Боксерот го зел ножот со кој сечел леб и тргнал во убиствен напад.

Врската на 26-годишниот боксер и 25-годишната девојка била долга. На твитер-профилот на Кемалоглу по убиството беше објавена порака со текст: „Уби два животи, очите ти се просветлени!“.

 

- Оглас -

Најнови вести