Турски тим на домашен терен понижен од екипа од Лихтенштајн

Коњаспор беше екипа која минатата сезона се бореше за највисок пласман во првенството и изненадувачки делува фактот дека турскиот клуб е елиминира од Европа од ривал од Лихтенштајн.

По првиот меч одигран на гости, Коњаспор имаше 1:1 против Вадуз и денеска играше на домашен терен. Турскиот тим беше голем фаворит за победа и поминување во следната фаза, а добро му тргна и поведе со 1:0.

Сепак, гостите од Лихтенштајн до полувремето направија пресврт и стигнаа до предност од 2:1. Добрата игра на Вадуз продолжи и во вториот дел, па гостите стигнаа и до убедлива предност од 4:1. Во последните секунди од мечот, Коњаспор намали на 2:4, но тоа никако не беше доволно да се избегне срамната елиминација од Лигата на конфедерации.

- Оглас -

Најнови вести