Турскиот селектор „полуде“ – Атаман за малку ќе го претепаше судијата (ВИДЕО)

Турскиот селектор Ергин Атаман потполно ја загуби контролата над себе и за малку не го претепа судијата на мечот од Евробаскетот меѓу Турција и Грузија.

Турците на крајот загубија 88:83 по продолженија, а во последните секунди, Атаман почна неконтролирано да вика по еден од делителите на правдата, што доби исклучување. Во текот на целата средба гледавме голема борба и жар на теренот како и неколку неспортски и технички грешки.

Јасно е дека ФИБА ќе одреди казна и веројатно суспензија за турскиот селектор и турската федерација.

Грузија со оваа победа дојде до четврттиот бод во групата А, додека Турција ја испушти шансата да биде првопласирана со шест бода.

Погледнете ја реакцијата на турскиот селектор.

- Оглас -

Најнови вести