Шведска и Романија остануваат главна „опасност“ за Македонија во борбата за посакуваниот бараж за СП2026

Шведска со 2:1 славеше над Словачка и на тој начин стигна до 13 бодови, обзбедувајќи го првото место во групата. До крајот на групата, Шведска игра дома против Азербејџан и со победа ќе стигне до 16 бодови кои ќе бидат многу важни ако е потребно да се бара пласман на Светското првенство во 2026 година преку баражот.

Во Ц сегментот во кој е и Македонија, освен Шведска, опасност за Македонија е и Романија која има максимални 12 бода од четири дуели и еден неодигран меч против Косово (фудбалерите на Косово сами го напуштија теренот). Тоа значи дека Романија е во игра да има и макимални 18 бодови на крајот.

Македонија има 13 бодови и ако слави над Фарски острови ќе биде со 16, но ќе треба да чека и Шведска да киксира или на крајот да има послаба гол разлика од нашата, за ние да бидеме во преден план.

Од Б сегментот, Турција на свој терен одигра без голови против Велс. Со овој бод, Турција останува лидер во групата со 11 бодови, два повеќе од Велс. Домаќините во Истанбул беа блиску и до победа, но Актуркоглу промаши пенал во 89 минута.

Во последното коло Турција ќе гостува кај аутсајдерот Црна Гора која има само порази, па со победа сигурно ќе го обезбеди првото место во групата и пласман во А сегментот за следното издание на Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести