Турција вечерва слави, Ѓулер го постигна првиот гол во дресот на Реал (Видео)

Реал Мадрид убедливо ја победи Селта Виго со 4-0 и ја задржа предноста пред Жирона и Барселона, но вечерва во центарот на вниманието е младиот турчин, Арда Ѓулер. Тој во „кралскиот“ клуб дојде за 20 милиони евра, но мака мачеше со повредите, па добиваше скромна минутажа.

Така беше и вечерва, со оглед на тоа дека Ѓулер во игра влезе во 89-тата минута, но во 94-тата го постигна својот прв гол во дресот на Реал Мадрид. Се играше 94-тата минута кога Себаљос со идеално проигрување го исфрли турчинот очи во очи со противничкиот голман, кој откако го мина, мајсторски погододи во мрежата на Селта Виго.

- Оглас -

Најнови вести