Турците гневни што не го добија домаќинството за Евро 2024

Министерот за спорт во Турција, Муарем Касапоглу, истакна дека одлуката на УЕФА да ја додели организацијата за Евро 2024 на Германија е за жалење, но дека Турција не губи ништо, туку само дека Европа нема да добие прилика да го види гостопримството на оваа земја.

„Вознемирен сум што УЕФА не нѐ изгласа да бидеме домаќини на следното Европско првенство. Ние како земја не изгубивме ништо, туку Европа ја изгуби нашата стручност и гостопримство“, истакна Касапоглу.

Домаќинот за ЕП се изгласа во тајност, Германија доби 12 гласови, Турција четири, додека еден бил отсутен за време на гласањето. Федерациите на Германија и Турција немаа право да гласаат. Турската федерација по четврти пат не успеа да ја добие организацијата за Европското првенство, по кандидатурите во 2008, 2012 и 2016 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести