Турците победата над Франција ја славеа – во Париз (Видео)

После победата на Турција над Франција од 2-0 во квалификациите за фудбалското Европско првенство 2020 година, огромна беше радоста кај Турците, не само тие што живеат во татковината, туку и надвор во дијаспората. Доказ за тоа се снимките од центарот на Париз каде Турците во срцето на Франција ја славеа победата над Французите.

Светскиот првак Франција беше тотално надигран во Коња, „галските петли“ на упатија ниту еден шут во рамките на голот на Турција, нешто што им се случи првпат после 10 години.

Турците свиреа со автомобили, вееја знамиња на својата земја, палеа факели, и во голем број се собраа пред триумфалната капија во „градот на светлината“ да го прославуваат фудбалскиот триумф над земјата чиј главен град е Париз.

https://twitter.com/i/status/1137480596568100865

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести