Турците веруваат дека финалето на ЛШ сепак ќе се игра во Истанбул

Министерот за спорт на Турција, Мехмет Касапоглу, изрази увереност дека финалната средба од Лигата на шампионите сепак ќе се одржи во Истанбул. Последниве денови се засилија шпекулациите дека УЕФА на состанокот на 17 јуни ќе донесе одлука за преселба на финалето од Истанбул во Лисабон и дека во Португалија не би се играло само полуфиналето, туку и полуфиналињата и четвртфиналињата.

„Не се сомневам дека финалето ќе се игра во Турција. Сигурни сме дека ќе добиеме добри вести на 17 јуни. Внимателно ја следиме состојбата”, рече Касапоглу.

Финалето на ЛШ требаше да се игра на 30-ти мај, на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, но корона-вирусот ги наруши плановите, па Извршниот одбор на УЕФА за помалку од една недела треба да реши кој ќе биде датумот, каде ќе се игра и по каков систем ќе биде завршницата.

- Оглас -

Најнови вести