Тврдо лондонско дерби без многу шанси и без голови по првото полувреме

Во едно од двете големи дербија на 15-то коло во Премиер лигата, Челзи и Арсенал играат без голови по првото полувреме.

Првиот дел од лондонската пресметка помина во тврда игра во која немаше премногу шанси, единствена беше таа на Габриел Жесус во 29-та минута кога со глава шутираше, но топката заврши над голот на Менди.

Арсенал имаше повеќе од играта во првите 45 минути на „Стемфорд бриџ“, имаше поголем посед (40-60), упати повеќе удари кон противничкиот гол (3-7), додека Челси го имаше единствениот шут во рамките на голот, но мрежите на голманите Менди и Рамсдејл мируваа.

- Оглас -

Најнови вести