Уапсен кошаркарот на Хјустон: Ја претепал својата девојка бидејќи ја заклучила вратата (Видео)

Кошаркарот на НБА-тимот Хјустон рокитс, Кевин Портер Џуниор, синоќа е уапсен во Њујорк бидејќи ја претепал неговата девојка, која исто така е кошаркарка и настапува во женската НБА-лига.

Тие биле сместени во хотел во Њујорк, а кошаркарот доцна вечерта се вратил во собата. Сепак, наишол на заклучена врата бидејќи неговата девојка се уплашила и не сакала да го прими со собата. Тој со помош на хотелското обезбедување влегол во собата, а потоа ѝ задал и неколку удари со кои ја повредил.

Веднаш реагирала полиција и го уапсила, а против него е покренато обвинение за нанесување тешки телесни повреди на девојка.

Портер Џуниор минатата сезона беше одличен во дресот на Хјустон рокитс постигнувајќи во просек по 19,2 поени на натпревар.

- Оглас -

Најнови вести