Убав почеток на втората полусезона на Спортска прогноза: Реприза од финалето во ЛШ

Спортската прогноза повторно е во полн ек и уште од вчера 18-тото коло е достапно за прогнозирање. Во понудените 13+2 парови има доста интересни дуели, а со посебно внимание ќе се проследи дербито во Лондон помеѓу последните два финалисти во Лигата на шампионите.

Тотенхем во сабота (18:30ч) ќе го пречека лидерот Ливерпул во рамки од 22-рото коло во Премиер лигата. Се очекува да биде возбудлив меч, но не само поради тоа што е реванш од европското финале. Посебен шарм му дава и дуелот покрај аут-линијата меѓу Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

Португалецот за првпат откако ги презеде Петлите ќе ја почувствува моќта на неприкосновениот Ливерпул, кој по 20 натпревари сигурно стои на првата позиција со 58 бода, дури 15 повеќе од второпласираниот Лестер. Црвените сигурно чекорат кон титулата, за пораз не знаат повеќе од една година, па затоа ќе биде интересно да се види дали Специјалниот може да ги спречи во нивниот налет.

Ливерпул има и психолошка предност бидејќи е без пораз во последните пет меѓусебни средби, од кои во четири излезе како победник. За Тотенхем дополнителна мака е што не е во најдобра форма, односно има само еден триумф во петте последните меча, од кои две се ремија и два порази во сите натпреварувања.

Од ова дерби многу ќе зависи дали конечно во ова коло ќе имаме добитник на iPhone XS, a не треба да се заборави и битката во Генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести